Белата ноќ во метрополата, специјално за љубителите на машката мода на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, збогатија два комплетно различни дизајнери од Србија. Djordje Bascarevic и колекцијата со назив „Off the season” за 2024 година, на сцената донесе еклектичен микс на референци, силуети и стил.
Под влијание на јапонскиот минимализам, но и на средноевропскиот андерграунд уличен стил и електронската музика, оваа колекција е уметничко претставување на терминот „мека машкост“ и ги редефинира кодовите на класичната естетика на машка облека. Во колекцијата доминираат рамните форми, функционалноста и елементите на женската мода.
Креациите со потпис на @djordjebascarevic се изградени од повеќе слоеви, стилизирани со црни ремени. Градацијата на бои во колекцијата започнува од светла палета на беж, сива и бела боја со акцент во корално црвена, потоа се трансформира во темни нијанси на морнарско сина, кафена и зелена, а завршува со црна боја.
Видео:
Џоле Миловски
Бојан Стоилковски
Марина Трајковска
Модели:
Мухамед Енуз
Стефан Спирковски
Марин Стојановски
Светислав Тобџиевски
Александар Симоски
Игор Гошев
Александар Додевски
Бојан Звездаковски
Никола Андоновски
Димитриа Марковски
Модни агенции:
FS Crnokrak
Models IN
Официјален партнер за шминка и убавина:
FABUspot
Официјален партнер за фризура и и нега на коса:
Dakalama
Официјален партнер за чевли:
N Fashion & PEKO
Oфицијални медиумски партнери:
Убавина и Здравје
Македонска радио-телевизија (МРТ)
Powered by: Државна Лотарија
Продукција: MAX Management Agency