Анимацијата е уметност која во буквална смисла го оживува неживото и замисленото го претвора во подвижна стварност. Анимираниот филм е своевидна фабрика за чуда, во која заедно творечки работат уметници со различни таленти и специјалности. Светот на руската анимација е една од најголемите планети во оваа чудесна галаксија на уметноста. На овој настан, ќе пропатуваме низ некои од неговите меридијани и напоредници, обраќајќи посебно внимание на големите градови, високите врвови, долгите реки и широките океани. Со други зборови, ќе ги разгледаме истакнатите руски студија и фестивали на анимиран филм, техниките на анимација, познатите анимирани серии и проекти и — се разбира — големите мајстори на руската анимација. Сето ова ќе биде разгледано низ примери од богатата историја и современост на рускиот анимиран филм и претставено — на македонски и на руски јазик — од тројца вљубеници во анимацијата: Маша, Андреј и Катја.
Марија Савелјева (1993, Санкт Петербург) — режисер на анимација, аниматор, илустратор, акварелист и графичар. Дипломирала на одделот за графика на Санктпетербуршката државна уметничка академија „А.Л. Штиглиц“ (Муха). Дополнително студирала на школата за анимација на Иван Максимов во Санкт Петербург, во рамките на анимациското студио „Шар“. Во 2020 г. магистрирала на Естонската уметничка академија, во насоката за анимација и режија, под менторство на големиот мајстор на анимацијата Приит Пјарн. Нејзините цртежи и акварели се објавувани во низа списанија и весници, претставени на 5 лични изложби и низ повеќе илустрирани книги. Активно работи во областа на анимираниот филм, како режисер, ментор и аниматор во неколку различни техники. Соработувала со повеќе руски студија за анимација, вклучувајќи ги „Шар“ и „Пчела“. Автор е на 4 краткометражни анимирани филмови, носител на десетина меѓународни признанија и награди за анимација, и учесник во низа анимациски проекти и омнибуси.
Андреј Јованчевски (1992, Скопје) — историчар на руската литература и култура, книжевен преведувач, толкувач и раководител на неколку културни иницијативи. Студирал општа и компаративна книжевност и славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Како истражувач на литературната теорија и на руската и полската култура, редовно учествува во разни академски публикации и настани, вклучувајќи ги годишните научни конференции за Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Води преведувачки проекти и демонстраторски вежби по историја на руската книжевност на матичната катедра. Автор е на десет издадени книжевни преводи, уредник на повеќе изданија за неколку македонски издавачки куќи, преведувач или автор на објавени есеи, извадоци и засебни поглавја во списанија и монографии. Активно се занимава со меѓујазично толкување, анализа на медиумски содржини со неколку природни јазици, води и учествува во локални и меѓународни проекти во областа на културата.
Андреј и Марија се основачи на новото студио за филм и анимација MultiQi и заедно се автори на илустрираниот календар-приказна „Моите мали впечатоци од големото патување со змејот низ 2024 година“, првото печатено издание под знакот издавачката едиција „Wild Cards“.
Екатерина Кожушанаја (1980, Москва) — наставник на факултетот за анимација и драматургија при Високата школа за економија. Автор на голем број сценарија за краткометражни анимирани филмови, од кои дел се наградени на меѓународни фестивали, како и на повеќе епизоди од анимираните серии „Портокалова крава“, „Умка“, „Маша и медо“ и други. Консултант за сценарио на факултетот за анимација при Серускиот државен институт за филм (ВГИК). Студирала на Московскиот архитектонски институт, ги поминала вишите курсеви по сценарио и режија, како и курсот по анимациска драматургија во славното советско и руско студио на анимиран филм „Сојузмуљтфиљм“, учествувала на интензивни американски педагошки курсеви за сценарио и стори-борд и работи како ментор на многумина помлади сценаристи и режисери на анимиран филм.
Екатерина и Марија имаат повеќегодишна успешна творечка соработка во областа на анимацијата. Меѓу другото, Катја е автор на сценаријата за анимираните филмови „Како ја сретнав мајка ви“ и „Листовите од камената книга“ во режија на Маша.
7 views
1289
401
3 hours ago 00:03:20 2
Любовь демона. Авторская песня
1 day ago 00:05:51 2
ЗАКРЫТИЕ РАЗРЫВА в Великом Разделении ~ Плеядеанский Совет Света
1 day ago 00:40:36 1
Сказали откровенно в глаза и главный не знал что ответить.
1 day ago 00:04:28 1
Риддик | Я же сказал не меня им надо боятся.
1 day ago 01:09:10 1
От нас скрывают реальные задачи каждой Души, пришедшей на Землю.. Владимир Древс
2 days ago 00:28:29 1
🔥ПЛОХОЕ УЙДЕТ НАВСЕГДА! Чистка родовой кармы и Очищение ДЕРЕВА РОДА! Исцеление Звуком
3 days ago 00:01:01 1
⚡️НАСТОЯЩИЕ ПРЯМЫЕ ПЕРЕДАЧИ СИЛЫ СВЕТА⚡️Telegram НОВОЕ ПРОБУЖДЕНИЕ ЧЕЛОВЕЧЕСТВА⚡️ ПРИГЛАШАЕМ⚡️
4 days ago 00:00:57 1
Никаких оргий | Одна комната, солнечный свет, ангел
4 days ago 00:43:40 2
СВЕРХВАЖНО! ПОБЕДА ЭТО ЗВУК САМОЙ ЖИЗНИ⚡️@novoe_probujdene_chelovchestva
4 days ago 00:35:46 1
Эти цифры удивили даже привычных. Хватит прятаться от нас за спинами.
4 days ago 00:57:56 1
Как купить масло | Благоразумные и безрассудные девы | Проповедь
5 days ago 00:17:08 12
Новости Сегодня - ЧП, Катаклизмы, События Дня: Москва Ураган США Торнадо Европа Цунами
1 week ago 00:09:56 7
Конец Религий Отчет Командования Аштара
1 week ago 00:02:12 2
“Посыл Любви и Света“ - стихи Николая Ремезова, видео Татьяны Трубеевой
1 week ago 00:13:45 1
«Что Является Причиной Этих Быстрых Изменений» Команда Аштара
1 week ago 01:35:01 1
СЕКРЕТЫ ПЛАНЕТЫ ЗЕМЛЯ. Большой документальный фильм