МЕАШИ со реакциа за сексуалната експлоатациа и трговиа на девочето од Тетово

МЕЃАШИ со реакција за сексуалната експлоатација и трговија на девојчето од Тетово Немоќ и неуспех на државата. Вака детската амбасада „Меѓаши“ го коментира случајот со злоупотребата на малолетното девојче од Тетово. Според Драги Змијанац, случајот го докажал неуспехот и дефектот на институциите во земјата во откривањето на ваквите случаи. Ако тој не добие епилог во интерес на децата, дефинитивно ќе овозможи повторување на вакви настани и во иднина. Според „Меѓаши“, институциите за социјална заштита се клучни во откривањето на ваквите случаи во моменти кога родителите не се грижат за своите деца. Образовните програми треба да вклучуваат и материјали за подигнување на свеста за заштита на приватноста на децата и превенција. Вјолца Алити
Back to Top