Etno grupa Toska “Izvor Voda “

Етно група Тоска потекнува од градот Куманово кој се наоѓа во северо-источниот дел на Македонија има над 100 илјади жители, а се одликува со богата историска и културна традиција. Работи како матична форма при Центарот за култура Трајко Прокопиев- Куманово. Етно група Тоска ја негува и интерпретира македонската народна песна, носија, инструментите и преку соодветен уметнички израз го интерпретира и сценски изразува она што е најбогато од фолклорната традиција и ризница на македонскиот народ. Концертниот репертоар е разновиден и атрактивен и го карактеризира елеганцијата, нагласена динамика и темперамент, како и прекрасни живописни носии. За етно група Тоска не постојат граници и бариери секаде се чувствува како дома, нудејќи љубов, песни и блискост. Во наредниот период следат голем број на ангажмани во кои влегува изработката на првиот компакт диск.
Back to Top